Многумина кога ќе ги забележат првите знаци на мастење на косата веднаш ја мијат, дури и ако претходно тоа го направиле пред 1-2 дена или истото утро.
Но, дали е тоа правилно? Која е најголемата грешка што може да се направи притоа?
Според фризерите, прва грешка е нанесувањето премногу шампон, а потоа и недоволното плакнење. Во текот на миењето косата се шампонира двапати, со мала количина шампон, внимавајќи пената да биде добро исплакната од влакната, без никакви остатоци.
Користењето соодветен шампон што одговара на вашиот тип коса е клучно. Прво се нанесува на коренот и скалпот, нежно се трие со врвовите на прстите, а пената се разнесува до врвовите. Потоа шампонот се плакне.
Можете да користите регенератор или маска за коса, но секако, оние кои се наменети токму за масна коса, затоа што другите може да направат штета.