Лошите прехранбени навики може да доведат до висок ризик од мозочен удар, велат експертите. За да живеете поквалитетно и поздраво, но и да го намалите ризикот од добивање мозочен удар, намалете го консумирањето намирници кои содржат масти, холестерол, шеќер и сол. Од друга страна, во дневната исхрана треба да вклучите овошје и зеленчук кои се богати со антиоксиданси и цели житарици.

Зеленчук и јаткасти плодови

Гравот и грашокот се добар извор на влакна кои помагаат во намалувањето на холестеролот во крвта и високиот крвен притисок, кои пак, се чести виновници за мозочниот удар. Потоа, се препорачуваат јаткасти плодови и семиња, кои имаат фолна киселина којашто е добра за мозокот. Јатките и семињата може да ги користите во салати или да ги консумирате со јогурт.

Риба

Рибата е одличен извор на омега-3 масни киселини. Се да се јаде лосос, туна, сардели и скуша. Експертите препорачуваат консумирање две порции риба неделно.

Цели житарици

Кафеавиот ориз, јачменот и просото се цели житарици кои би требало да ги вклучите во својата исхрана доколку сакате да го намалите ризикот од мозочен удар. Добро е да се јадат и тестенини од цели пченични зрна. Според повеќе истражувања, исхраната богата со цели житарици може да го намали ризикот од мозочен удар за дури 36%. Житариците се добри и во борбата против други здравствени состојби, како дијабетес и срцеви болести.

Намирници со калиум и магнезиум

Калиумот помага во регулирањето на крвниот притисок, но и во намалувањето на ризикот од мозочен удар. Бананите се популарен извор на калиум, но го има и во авокадото и слаткиот компир. Исхраната треба да вклучува намирници кои содржат магнезиум бидејќи овој минерал помага во спречувањето на згрутчувањето на крвта.

Лук

Лукот има многу лековити својства. Едно од нив е тоа што го намалува крвниот притисок, го спречува згрутчувањето на крвта и го намалува холестеролот во крвта. Треба да го користат и заболените од срцеви болести.

Темно чоколадо

Темното чоколадо позитивно влијае на крвниот систем. Тоа го активира делот од мозокот што е поврзан со учењето и помнењето.