Научниците велат дека можат да предвидат дали некој може да ја доживее 100-та година од својот живот и тоа со точност од 85%. Ова е возможно со помош на тестот за здраво генетичко стареење. Тие дошле до сложена формула, по проучување на ДНК кај стогодишници и ги идентификувале генетските варијации кои им овозможиле да ја достигнат оваа возраст. Откриени се серија маркери, за кои се мисли дека ги прават луѓето генетски предиспонирани за долг и здрав живот, со тоа што се одолговлекува процесот на стареење на кожата како и спречување на можноста за појава на кардиоваскуларни болести. Овие гени помагаат во разбирањето на фактот дека појавата на подолг животен век, се манифестира во повеќе генерации од истата фамилија, додека кај други луѓе тоа не е пример, иако се внимавало на начинот на живеење, пушењето цигари, пиењето алкохол и други параметри.
Генетски тест може да ви ги предвиди шансите за достигнување 100 годиниОвој тест е со точност од 60-85 % во зависност од годините на испитаникот, но малку е веројатно дека може со сигурност да потврди колку точно ќе живеете. Сепак, можноста да се одберат група луѓе кои имаат голема веројатност да ја достигнат 100-та година е корисна за научниците, кои ќе можат понатака да се усовршуваат во изнаоѓање третмани кои ќе се борат против болестите кои се појавуваат во староста.

„Понатамошните студии на овие генетски карактеристики, можат да доведат до подобро разбирање на генетските и биолошките основи за одложување на  болестите поврзани со стареењето и овозможување подолг опстанок.“ – вели Д-р Томас Перлс.

Генетски тест може да ви ги предвиди шансите за достигнување 100 годиниОваа студија е започната во 2010 година на Бостонскиот универзитет и резултатите од неа биле објавени во научниот магазин „Sciencе“, но поради проблеми со подадоците, овој артикл бил повлечен. Во новиот документ, кој бил независно потврден од Универзитето Јеил, се додаени дополнителни податоци за исклучително стари луѓе, со просечна старост од 107 години. Овие луѓе, биле идеален модел за здраво стареење, бидејќи тие генерално не чуствувале потешкотии или дисфункции на организмот се до нивната 90-та година.

Додека генетските фактори се само мала влијателна сила за доживување на 85-та година (20-30%), студијата сугерира дека тие би имале многу поголема улога после 85-тата година од животот. Научниците ги скенирале геномите на 801 стогодишник и ги споредиле резултатите на 914 „нормални“ испитаници. Биле откриени 216 генски варијации кои се наоѓале само кај постарата група и се верува дека тие играат улога во побавното стареење. Овие варијации може да се сместат во 26-те т.н „генски потписи“ кои биле карактеристични за 90% од испитаниците во постарата група.Генетски тест може да ви ги предвиди шансите за достигнување 100 години
Тим Спектор, професор на Кралската академија во Лондон изјави:

„Ова е интересна студија на ретки стогодишници. Таа укажува дека гените се многу помоќни од вашата одлука за тоа дали ќе живеете 100 години или пак 85 години. Со стотици гени кои одлучуваат за вас, личните претпоставки за тоа колку години би живееле никогаш не излегуваат точни. Големата вест е тоа дека нема еден ген кој е одговорен за стареењето, туку се буквално илјадници од нив, но сè уште не се знае како тие функционираат и како го даваат свој допринос. Кoга ќе се разјасни таа мистерија, ќе биде многу полесно во наоѓањето соодветни терапии и третмани против стареењето“.