Издвоивме неколку народни лекови со кои на природен начин ќе лечите синусна инфекција.

Јаболков оцет – Во текот на денот пијте јаболков оцет кој треба да се промешува во голема чаша вода. Тој го разредува слузот.

Ѓумбир – Ѓумбирот е познато средство за ублажување и спречување на главоболка. Тој освен тоа е антиинфламаторен лек кој ја ублажува болката. Можете да го употребувате во форма на тинктура или капсула.

Сладунец – Сладок корен т.е. сладунец помага при ублажување на воспалението и го стимулира имунолошкиот систем да се бори против вирусни инфекции.

Еукалиптус – Еукалиптус го ублажува болното грло. Тој исто така има антисептички својства и може да помогне во намалувањето на отеченото ткиво во синусните премини.

Маточина – Маточина е одлично средство за борба со вируси и бактерии. Потопете ги исушените лисја во врела вода, оставете 10 минути, а потоа процедете. Чајот пијте го топол.