Станувањето рано наутро е предизвик за сите. Сите сакаме да се доспиеме уште „5 минути“ откако ќе го слушнеме утринскиот аларм.
Но, научно е докажано дека сите ние сме многу попродуктивни наутро и подобро ги исполнуваме обврските за разлика од кога ги оставаме за навечер.
Успешните луѓе ширум светот се станати најкасно до 6 часот наутро. Звучи невозможно, зарем не?
На нашиот ораганизам му се потребни околу две недели да се навикне на промени, што значи дека ако две недели по ред стануваме рано, тоа ќе ни стане навика и рутина.
Затоа еве неколку работи и совети кои ќе ви помогнат да станете „утринска птица“:
Не користете смартфон еден час пред да си легнете
Користењето на вашиот смартфон пред спиење е лоша идеја. Кога сте уморни очите многу се напрегаат за да гледате во вашиот телефон, па затоа наредното утро тие нема да бидат доволно одморени, а може да имате и главоболка.
Станете веднаш после алармот
На овој начин ќе ја избегнете опасноста да се успиете и побрзо ќе се расоните.
Изложете се на дневна светлина
Отварањето на ролетните наутро е најдобар начин да го почнете денот со насмевка и да не бидете мамурни цел ден. И да не е сончево надвор, свежиот воздух самиот по себе ќе ја заврши работата.
Напијте се чаша вода
Со ова ќе го забрзате вашиот метаболизам, а исто така со оваа навика помагате и при хидратација на телото.
Вежбајте наутро
Пет до десет минути се доволни за да се истегнете наутро и да имате подобра енергија за целиот ден.
Појадувајте обилно
Обилниот појадок ќе ви даде енергија и сила за цел ден, а ќе ве направи и попродуктивни, затоа што сите размислуваме подобро со полн стомак, нели?