Времето денеска, според УХМР, ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 1 во Берово, па до десет степени, а максималните до 30 степени, колку што треба да бидат измерени во Гевгелија. Во Скопје и во Штип до 28, во Битола до 27, во Охрид до 23…
Утре максималната температура треба да достигне до 29 степени, со тоа што во попладневните часови на места ќе има услови за слаб локален дожд. Во сабота и во недела не’ очекува сончев и топол викенд со максимални температури до 28 степени во сабота и до 29 степени во недела. Топлото и сончево време ќе продолжи и в понеделник, кога повторно се очекува максимална температура, невообичаена за вората половина на октомври, од 30 степени.