Псоријазата најчесто се поврзува со психичките проблеми. Ова важи речиси за сите кожни болести, започнувајќи од витилигото, па до најобичниот јадеж.

-Затоа, повеќето лекари се склони да веруваат дека вистинските причини за појава на псоријаза лежат токму во душата и психологијата на човекот.-

Псоријазата се смета за една од најстарите, а воедно и една од најмистичните кожни заболувања познати на човекот.

Причините и механизмите се прочуваат повеќе од еден век, меѓутоа научниците сè уште не можат да утврдат зошто огромен број луѓе пати од различни облици на псоријаза, и што е најважно – како да се ослободат од ова заболување?

Затоа, повеќето лекари се склони да веруваат дека вистинските причини за појава на псоријаза лежат токму во душата и психологијата на човекот. Во овој текст ќе бидат изнесени основните психолошки појави кои можат да придонесат за појава на псоријаза.

ПСИХОСОМАТСКИ ПРИЧИНИ

Кожата игра фундаментална улога во сложениот систем на нашето тело. Таа како школка го шрити менталниот и физичкиот дел од телото. Покрај тоа, кожата може многу да каже за личноста и карактерот на лицето, како и за неговиот став кон животот.

Од психички агол, псоријазата е последица на негативниот став кој го има пациентот и незадоволството со своето тело, положбата во животот и светот околу себе. Се додека трае таа внатрешна борба, болеста ќе се комплицира.

Псоријазата е болест која ги погодува најдлабоките слоеви од кожата. Се манифестира како осип со силен јадеж кој може да се претвори во чир. Сето ова резултира со големо незадоволство кај лицето и силна желба да се сокрие од надворешниот свет.

За да ги разбереме специфичните причини за псоријаза, многу е важно да се земе во предвид локализацијата на болеста.

На пример, пликовите на главата се создаваат кога човекот верува дека другите ги потценуваат, а псоријазата на рацете укажува на кавги со блиски лица (пријатели или роднини) кои не го слушаат.

КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД ПСОРИЈАЗАТА?

За да може пациентот да се ослободи и да ја порази псоријазата еднаш засекогаш, мора да спроведе лекување кое опфаќа медицински средства и психотерапија. Лицето не смее да ги потиснува гневот и иритацијата што ги чувствува, туку целосно да се ослободи од нив.

Според психоматиката, пред сè, потребно е да се идентификуваат негативните фактори и да се елиминираат.

На пример, ако лицето е потценето и понижено на работа од причини кои не може да ги контролира, подобро е да размисли за наоѓање на нова работа. Но, оние луѓе кои често влегуваат во конфликт со колегите, треба да се обидат да ги решат сите свои проблеми, така што целосно ќе го променат своето однесување.

ЧАЈ ОД БИЛКИ ЗА ПСОРИЈАЗА И ДРУГИ КОЖНИ БОЛЕСТИ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

-Лист од орев
-Кора од храст
-Кора од врба
-Коприва
-Невен

ПОСТАПКА:

Земете еднакви делови од билките кои можете да ги наберете сами или да ги купите од Билна аптека.

Земете 3 лажички од мешавината и прелијте ги со 700 мл зовриена вода. Поклопете и после половина час процедете. Оваа течност се распределува на три дози: секоја доза се пие половина час пред главните оброци.

Ако го приготвувате секогаш свеж, чајот приготвувајте го со една лажичка мешавина и една чаша зовриена вода (230 мл).