Коленото е еден од најважните зглобови во нашиот скелет. Благодарение на коленицата и чашката, можеме да правиме разни движења, како што се трчање, одење, седење и многу други активности што секојдневно ги правиме.
Токму затоа, „потрошените“ колена може да бидат проблематични. Болката во коленото е многу непријатна, бидејќи токму колената се еден од најоптоварените деловите од телото што ја носи речиси цела телесна тежина.
Најчестите фактори што предизвикуваат трошење на зглобовите во колената се прекумерна тежина, повреди, оптоварување, артритис или инвалидност.
Во потешки случаи, воспалението може да доведе до губење на подвижноста на коленото. Затоа многу е важно да почнете со лекување на болките во коленото што побрзо.