Кафето е омилен пијалок на многумина од вас. Утринското кафе претставува вистинско задоволство и ништо не може да ве разбуди поубаво од тоа.
Меѓутоа, иако кафето е добро за вашиот организам, не треба да го консумирате на празен стомак. Кафето може сериозно да влијае на дигестивниот систем.
Кафето го забрзува процесот на создавање на желудната киселина која може да ја оштети слузницата на желудникот и да предизвика лошо варење.
Исто така, доколку не сте доручкувале, кафето може да ве вознемири и да предизвика промена на расположението.
Некои луѓе со години консумираат кафе на празен стомак и немаат никакви негативни последици. Сепак, подобро е да изедете овошје или малку леб пред да пиете кафе.