Бадемите се многу вкусни, но истовремено здрави и богати со витамини Е, цинк, магнезиум и калциум…
Традиционалната народна медицина вели дека е многу важно за бадемите преку ноќ да се потопуваат во вода, а потоа наутро да се изедат излупени.
Бадемите содржат инхибитор на ензимите (молекула која се врзува за ензимите и ја намалува нивната активност), а се деактивира кога бадемот ќе се потопи во вода.
Овој инхибитор којшто се наоѓа во тенката надворешна лушпа на бадемите спречува вашето тело да ги впие сите добри состојки коишто ги има ова јаткасто овошје. Затоа, пред да ги консумирате, потопете ги во вода преку ноќ, а после тоа многу лесно ќе ги излупете.
Бадемите се многу вкусни, но истовремено здрави и богати со витамини Е, цинк, магнезиум и калциум.
Доволни се само 4-5 бадеми секој ден за подобрување на нашето здравје и повеќе енергија во текот на денот.
Ставете неколку непечени и несолени бадеми во вода и оставете ги преку ноќ да отстојат. Следното утро изедете ги. Можете овој рецепт да го правите и консумирате секој ден.
Добри се за мозокот и за мозочните функции, за недостаток на енергија, за регулирање на холестеролот, за притисокот и за коските.
Помагаат и со своето антиканцерогено дејство.
А освен тоа што штитат од кардиоваскуларни болести и го чуваат здравјето на кожата, резултатите од новите истражувања покажуваат дека бадемите ги топат и масните наслаги околу стомакот.
Против воспаление на мочниот меур
Во 1 л вода варете две лажици лушпи од бадем додека не изврие до половина. Течноста процедете ја и пијте ја неколку пати на ден по 1 филџан.
Против болести на желудникот и отежнато варење
50 г бадеми потопете ги во топла вода за да му омекне лушпата. Излупете го и и истолчете го со 100 г вода за да добиете каша. Потоа додајте му 50 г шеќер и 1 л вода, промешајте убаво па процедете низ газа. Се пие по желба, како вода или како лимонада.
За нега на дојки
Подготовка на лосион: мешате 100 г бадемово масло со 45 г 75%-тен алкохол и малку лимонов сок. Овој лосион се употребува за масажа, се остава неколку минути на кожата за се впие. Во текот на денот се повторува масажата а потоа дојките се измиваат со млака вода.
Против воспаление на ждрелото и бронхитис
Свежо сомелени бадеми помешајте ги со топло млеко со мед, па во текот на денот пијте три пати по една чаша.
Против мамурлак од алкохолно пијанство
1.Изедете неколку горчливи бадеми
2.Испијте 1 чаша ладна вода
3.Испијте една голтка оцет
Против сува кожа
Масирајте ја кожата со бадемово масло, а потоа исплакнете со млака вода. Можете да користите 100 г бадемово и 50 г маслиново масло, во кое ќе ја натопите газата, и ќе ја нанесете на лицето.