Нашите хормони се мали хемиски сигнали кои патуваат низ нашите тела и испраќаат порака до органите, да го намалат стресот, да го забрзаат метаболизмот, да градат мускули и слични процеси. Нашите навики и начин на живот играат клучна улога во одржувањето на хормоналната рамнотежа, што е многу важно за нашето здравје.
Ако не сте од оние кои имаат здрави навики, можете да ја платите цената со тоа што ќе го нарушите балансот хормоните, што негативно ќе влијае на вашето здравје. И наместо да барате разни апчиња за полудените хормони, решението е во здравите навики, како што со здрава исхрана, поголема физичка активност и добар сон.
Постојат неколку знаци на хормонална нерамнотежа, кои можете да ги забележите во себе и навреме да одговорите за да ги вратите хормоните во нормала:
1.Тешко се будите
Ако ви е навистина тешко да се станете од кревет, тоа значи дека ритамот на производство и циркулацијата на вашите хормони е нарушен, правејќи да се чувствувате слаби и уморни. Велат дека нивото на кортизол во крвта треба да биде високо наутро за да го разбудите мозокот и да ве подготват за наредниот ден. Ако сè уште не можете да излезете од кревет, циркулацијата на кортизол во крвта може да е нарушена.
Ако големата количина кафе што пиете во текот на денот, или доцните излегувања невшер, го пореметуваат вашиот здрав сон, најверојатно причината е нарушена хормоналната циркулација на кортизол, поради што ви е потребно многу повеќе време за да се разбудите.
Ако сакате да ја регулирате циркулацијата на кортизол, доволно е само целосно да го елиминирате кафето и алкохолните пијалоци, барем 7 дена. На почеток , ќе бидете раздразливи и нервозни, но подоцна ќе забележите дека вашите утра се многу подинамични и енергични.
2. Ја губите енергијата после оброкците
Ако уживате во оброци богати со јаглени хидрати, после ручеко
т ви се спие и се чувствувате уморни и исцрпени, тоа може да биде знак дека имате проблеми со инсулинот. За вашето тело да функционира нормално после ручекот, треба да произведе повеќе инсулин, оваа количина на инсулин природно се намалува неколку часа по оброкот, но ако не е во можност да излачи доволно инсулин после оброците, имате хормонална нерамнотежа .
Доколку сакате да го решите овој проблем, обидете се да го минимизирате внесот на јаглени хидрати за да го контролирате нивото на шеќер во крвта. Ова ќе го врати количеството на инсулин во рамнотежа, што ќе го спречи проблемот со прекумерна тежина и постојан замор. Кога вашето тело има нерамнотежа на инсулин, вашиот метаболизам забавува.
3. Постојано сте гладни
Лептинот е хормон кој ја регулира вашата ситост, а кога е во нерамнотежа, чувствувате постојана потреба за храна. Ако постојано сакате да јадете, особено слатко, тогаш нивото на лептин во крвта е многу низок. Кога јадете многу јаглени хидрати, се лачи многу инсулин, што го блокира лачењето на лептин и како резултат, треба да јадете повеќе, што во никој случај не е добро ако сакате да имате витка линија.
Стресот исто така може да биде причина за низок крвен лептин, па затоа не треба да ве изненадува што во стресни ситуации имате посебна желба за слатки.
Доколку сакате да го решите овој проблем, обидете се да ја задоволите потребата за благо со бобинки или црно чоколадо.