Булимијата спаѓа под ментални болести поради што луѓето јадат големо количество храна и еднакво брзo се ослободуваат од неа – со повраќање или со лаксативи.
Булимијата е малку потешко да се воочи затоа што нејзините жртви не ја губат тежината драстично како анорексичните.
– Булимичните се опседнати со храна, јадат многу без да се задебелеат.
– Често прескокнуваат оброци за да го избалансираат внесувањето калории.
– Сакаат да јадат сами, никој друг да не ги види колку јадат.
– Може да бидат опседнати со вежбање.
– Често, веднаш по оброкот, одат во тоалет за да ја повратат храната.
– Образите може да им бидат потечени.
– Забите може да бидат жолти од желудочната киселина.
– Како резултат на повраќањето очите можат да бидат крвави.
Што да направите?
Ако булимијата не се лечи, може да доведе до сериозни здравствени проблеми – оштетување на срцето, паѓање на забите и оштетување на бубрезите.
Во потешки случаи резултира и со смрт. Ако мислите дека боледувате од булимија морате веднаш да побарате помош. Разговарајте веднаш и со родителите.
Познати болни од булимија:
Заради стресот и притисоците од медиумите, ѕвездите често патат од оваа болест. Дел оние кои се справуваат со неа се:
– Мери Кејт Олсен
– Бритни Спирс
– Линдзи Лохан
– Гери Халивел
– Елтон Џон
– Ејми Вајнхаус
Важно е да се соочите со проблемот и да ја победите булимијата!