Дали и вие си го приготвувате овој лековит препарат од мед, ѓумбир, лимон, куркума и црн пипер? Ако не, тогаш време е да започнете. Ние домашните започнавме да го консумираме уште во септември, а ќе го јадеме до летото.

Овие две тегли ги направив за моите синови, да јадат со нивните жени и деца, за имунитет, грип, вирози.

Како превентива се јаде секој ден по една супена лажица.

РЕЦЕПТ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

½ тегла мед, може и повеќе
4 полни супени лажици рендан ѓумбир
2 лимони – сок
2 лажици куркума
1 лажици мелен црн пипер

ПОСТАПКА:

Една тегла мед одточете ја до половина. Додадете 4 преполни супени лажици рендан ѓумбир. Исцедете два лимони и додадете две лажици куркума во прав и една лажица црн пипер.

Убаво промешајте за да се изедначи смесата. Ако собира уште во теглата дополнете ја со мед, ако не оставете ја така. Пред употреба секојпат промешајте уште еднаш. Го правам со години и го препорачувам!