Сезоната на мандарини веќе започна, а со овој текст сакаме да ве потсетиме на неколку причини повеќе зошто е добро да изедете макар една дневно.

Нутриционистите велат дека таа помага да се одржи организмот во добра состојба, како и дека со редовно консумирање, не само што ќе се чувствувате, туку и ќе изгледате добро.

Покрај тоа:

Мандарините имаат малку калории. Една мандарина содржи 45 калории, 1 гр. протеин, 11 грама јаглехидрати и два грама влакна. Исто така, содржи и 30% од препорачаниот дневен внес на витамин Ц, како и на витамин А, калиум, магнезиум и Б витамините. Сокот од мандарина не содржи влакна како свежата мандарина, но има дури 73 милиграми витамин Ц, односно 97% од препорачаната дневна доза.

Витаминот Ц е важен за здравјето на крвните садови, тетиви, лигаменти и коски. Има улога и во работењето на мозокот и метаболизмот на масти. Влијае и на регулирањето на холестерол и жолчните камчиња. Препорачана дневна доза на витаминот Ц:

– деца од 1 до 8 години: 15 до 25 милиграми

– деца од 9 до 18 години: 45 до 65 милиграми

– жени: 75 милиграми

– мажи: 90 милиграми

– пушачи: 110 до 124 милиграми

Антиоксидансите го штитат телото од слободните радикали, па помагаат во спречување на срцеви заболувања, канцер… А цитрусните овошја се одлични антиоксиданси. Го успорува процесот на стареење, ги намалува воспалувањата, симптомите на алергии. Мандарините се добри и за кожа, заби, вид, коса, мускули, витка линија.

Мандарините можете да ги јадете сами или како додаток во салата, со јогурт или житарици. Сокот од мандарини може да го користите во смуди или да си направите вода со вкус. Кога купувате мандарини, изберете ги оние полутврдите односно тврдите со интензивна портокалова боја. Меките мандарини со вдлабнатини, како и оние потемните избегнувајте ги.

Во ладилник можете да ги држите до две недели.