Стриктното спроведување на оваа диета доведува, покрај намалувањето на килограмите, и до промена на метаболизамот па затоа изгубените килограми не се враќаат.
Диетета трае 90 дена. Ако е потребно да се изгубат помалку килограми, диетата се прекинува порано, но тогаш не доаѓа до промена на метаболизамот.
Појадок
Сите 90 денови ОВОШЈЕ. Се јадат по две исти овошја или рака суво овошје (изброите 8 парчиња, ќе биде доволно).
Прв ден – ПРОТЕИНСКИ ДЕН
Ручек
– Месо, динстано, обарено или печено (во количина од ресторанска порција, 2- 3 парчиња или околу 250 гр) или 3 варени или печени јајца или нешто од млечните производи, па и соја.
– Леб – парче интегрален леб.
– Салата во неограничени количини со максимално 1 лажица маслиново масло.
– Супа – задолжителна (без тестенини – 1/3 шоља / 3 дцл) а ако се конзумираат млечни производи тогаш супата не е задолжителна – испијте јогурт или млеко.
Напомена: Разни видови на протеини не се мешаат во еден оброк или во еден ден.
Вечера
Исто како и за ручек, но половина мерка од ручекот, без супа и без леб. Задолжително.. ако се јаде месо за ручек да се јаде и за вечера, ако се јадат јајца за ручек, мора да биде исто и за вечера.
Втор ден – ДЕН НА СКРОБОТ
Ручек
– Грав, грашок, леќа, ориз, компир – варено, само со додаток на зачини (сол, вегета, црн пипер, кечап, варен домат ) – полна чинија.
– Леб – парче
– Салата
Вечера
Исто како и за ручек, но половина мерка и без леб.
Трет ден – ДЕН НА ЈАГЛЕНИ ХИДРАТИ
Ручек
Варени тестенини со додаток на зачини – кечап или слично, или пица само со додаток на кечап, или солено пециво во количина на пица (на пример 3 кифли)
Вечера
Две тенки парчиња торта или 3 –4 колачи, или 3 – 4 топки сладолед. Задолжително – 1 ред црно чоколадо.
Четврти ден – ОВОШЕН ДЕН
Ручек и вечера
Само мешано овошје, колку сакате.
Додатни напомени
– По кругот од 7 X 4 дена, односно 29 дена (три пати во текот на диетата) се држи „воден ден“. Цел ден се пие само вода.
– Задолжително после овошниот ден, а понекогаш и после водениот, се продолжува со протеинскиот ден.
– Кафе и чај може да се пијат, но без шеќер. Соковите да се сведат на минимум.
– Задолжително е после ручек да се зема 1 таблета, која содржи дневна доза витамини и минерали.
– Паузата помеѓу оброците првиот ден е 4 часа, а вториот и третиот ден е 3 часа, за време на овошниот ден паузата помеѓу оброците е 2 часа.
– После 8 часот навечер немојте ништо да јадете.
Се што е наведено мора да се јаде затоа што има своја улога во организамот. Овошјето е задолжително за појадок, затоа што најбрзо дава енергија, чоколадата третиот ден исто така, затоа што го штити организамот од можна алергија.
Количините на храна се поголеми од вообичаените, а намирниците се прилагодени на нашите услови и поднебје. Мора да се биде доследен и упорен. Може да се случи првите десет дена да не дојде до губење на килограми, но тогаш почнува нагло губење на килограми и тоа дури до 3 – 4 кг. После 90 дена диета, уште 90 денови за појадок се јаде овошје, додека за ручек и вечера се враќате на вообичаениот начин на исхрана. Во тој период треба да се намалат уште 3 кг што е показател за промената на метаболизмот. Ако тоа не се случи, диетата треба да се повтори, но дури после 3 месеци.