Иако заборавањето на ситници не значи дека го губите умот, факт е дека во првите знаци на деменција се забораваат неодамнешните настани и дури подоцна забораваат настаните од минатото.
Еве неколку предлози за тоа како да ја тренирате вашата меморија …
Чкрткајте
Ако сте на долг состанок или предавање, колку и да е важно, вашата меморија ќе се исклучи во одреден момент. Како и да е, чкртањето на хартија додека слушате може да ги спречи вашите мисли да не одлетаат.
Читајте
Читањето е одлична вежба затоа што на природен начин ја вежбате вашата меморија и се сеќавате на информации од претходните страници и поглавја.
Гответе „напамет“
Прочитајте го рецептот и затворете ја книгата и обидете се да ги запомните точните чекори и да го зготвите оброкот. Ова е многу ефикасен начин за вежбање на работната меморија.
Уживајте во мирисот на рузмарин
Истражувањата покажаа дека мирисот на ова растение значително ја подобрува меморијата затоа што буди ацетилхолин во мозокот, што игра клучна улога во одржувањето на вниманието.