Здравите дози на стрес се корисни за нас, бидејќи ни помагаат да се справиме со одредени тешки ситуации. Но, кога е континуиран и ја намалува вашата способност нормално да ги извршувате секојдневните задачи, тогаш веројатно станува збор за нервен слом.
Обрнете внимание на следниве симптоми:
Постојани главоболки
Ве боли во челото, слепоочниците, вилицата, вратот, рамениците, а не помага ниту спиење, ниту лекови, ниту природни методи.
Неправилно отчукување на срцето
Тахикардијата и сличните симптоми се манифестираат дури и кога ни се чини дека сме мирни. Ако имате чести неправилни отчукувања на срцето, анксиозност и панични напади, тоа е знак дека нервите ви се при крај.
Променливо расположение
Час сте среќни и мирни, потоа сте тажни, па индиферентни… Обидете се да ги препознаете „тригерите“ за ваквите состојби, за полесно да се изборите со нив.
Анксиозност и/или панични напади
Нервниот слом може да предизвика панични напади кои се придружени со болка во градите, брзо чукање на срцето, екстремно потење, плитко дишење и страв или чувство на оддалечување од реалноста. Може да се манифестира и како кошмари или параноја.
Изолирање и осаменост
Континуираниот стрес доведува до депресивни епизоди во кои сакате да се повлечете во тишина и мир и избегнувате секаква можна социјална интеракција.
Проблеми со исхраната и стомакот
Кога нервите попуштаат, попуштате и вие како целокупен организам. Тоа може да доведе до слабеење, но и дебелеење и сериозни проблеми со варењето.
Чувства на беспомошност и безнадежност
Нервниот слом често е придружуван и од симптоми на депресија како беспомошност, безнадежност, тага, губење интерес и мисли за самоубиство или самоповредување.