Понекогаш, дури и кога ви се чини дека вашите ум и душа се сосема мирни, телото ви испраќа сигнали дека сте под стрес, кои никогаш не смеете да ги игнорирате.
Луѓето во денешно време се навикнати стресот да е составен дел од животот, но запомнете дека во тоа нема ништо нормално и дека некогаш можете дури и да си го уништите физичкото здравје.
Обрнете внимание на следниве знаци:
Црвенило под кожата
Кога телото е под стрес, на кожата може да се појават црвени траги слични како алергиска реакција на ткаенина или козметички производ. Кожата реагира на нешта на кои никогаш претходно не реагирала, на пример на топлина или на парфем. Може да помогне локално нанесување на антихистаминик.
Промени во тежината
Наглото слабеење или дебелеење може да биде резултат на нарушените нивоа на кортизол во вашиот организам. Дисбалансот на хормоните влијае и врз метаболизмот на телото. Стресот може да доведе до засилена потреба за одредена храна или пак, нагло губење на апетитот.
Чести главоболки
Ако се чувствувате како главата да ви е тешка и како да ќе ви пукне во секој момент, тоа е последица на промените во крвотокот, како резултат на стресот. Ако сте склони кон мигрени, ситуацијата може да биде многу влошена.
Дигестивни нарушувања
Ако чувствувате грчеви во стомакот, влошено варење или промена на работата на цревата, кои не се вообичаени за вас, преиспитајте се уште еднаш дали можеби сте изложени на стрес за кој не сте ни свесни.
Склоност кон настинки
Стресот го заслабнува имунитетот, па не е воопшто чудно ако подолг период се чувствувате преморено, изнемоштено и имате симптоми на настинка. Симптомите може да исчезнат и за помалку од еден ден и да се повторат пак за неколку дена. Во овој случај помагаат додатоците во исхраната со цинк, но и релаксирањето, медитацијата и вежбањето.
Појава на акни
Иако сте далеку над тинејџерските години, акните уште ви претставуваат проблем, а веројатен причинител е токму стресот. Повторно за ова ќе ги обвиниме хормоните, а најмногу кортизолот, кој го нарекуваат стрес хормон. Користете антибактериска козметика за директно третирање на акните.