Во 2017 година, Националниот институт за здравство во Америка објави дека 208.000 деца и тинејџери под 20 години имаат дијагностициран дијабетес тип 1 или тип 2.
1. Дијабетес тип 1
Дијабетес тип 1 кај деца, претходно наречен малолетнички дијабетес, се јавува кога панкреасот не е во состојба да произведе инсулин.
Без инсулин, шеќерот не може да патува од крвта во клетките и може да резултира со високи нивоа на шеќер во крвта.
Третманот вклучува: доживотна употреба на инсулин и следење на шеќерот во крвта, диета и управување со вежби кои помагаат да се задржат нивоата во крвта.
Тип 1 често се појавува за време на детството или адолесценцијата, но може да започне и во секое друго време.
Најчестите симптоми на дијабетес тип 1 кај деца и адолесценти се: зголемена жед и мокрење, глад, губење на тежина, замор, раздразливост, чуден мирис на здивот и заматен вид.
2. Дијабетес тип 2
Дијабетесот тип 2 е поредок кај малите деца, но може да се појави кога инсулинот не работи правилно.
Луѓето може да се справат со дијабетес тип 2 преку: промена во исхраната, повеќе вежбање и одржување на здрава тежина.
Шансата за заболување од дијабетес тип 2 се зголемува додека луѓето стареат, но исто така може да се развие и кај децата и тинејџерите.
Симптоми на дијабетес тип 2 се: почесто мокрење, кое е особено изразено во текот на ноќта, зголемена жед, умор, необјаснето губење на тежината, чешање околу гениталиите со можна инфекција, бавно заздравување на осекотини или рани и заматениот вид кој е неизбежен поради сувост на очните леќи.
Во моментов не е можно да се спречи дијабетес тип 1, но детето може да преземе чекори за да ги намали шансите за развој на дијабетес тип 2.
Тоа може да се постигне со одржување на здрава тежина. Децата со прекумерна телесна тежина имаат ризик од развој на дијабетес тип 2, затоа што поверојатно е дека имаат отпорност на инсулин.
Зголемената физичка активност е од големо значење при што се намалува отпорноста на инсулин и исто така помага во управувањето со крвниот притисок.
Ограничување на шеќерната храна и пијалоци, јадењето, урамнотежена диета богата со хранливи материи, со многу витамини, растителни влакна и посни протеини ќе го намали ризикот од дијабетес тип 2.