Неработа и голем број скандали е сликата која што ја остава зад себе министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Кога Царовска беше во опозиција, беше жесток граѓански активист и ветуваше многу, а откако седна во министерската фотелја дава впечаток дека дневната политика се нејзината единствена цел. Силно одекна во јавноста скандалот, поточно случајот со нејзиниот невенчан сопруг кој неколку пати добиваше државни тендери.
Честа вест во медиумите се и честите исчезнувања на малолетници од установите.
Кога станува збор за министерството за труд и социјална политика, не може да се каже дека грижата за децата беше приоритет изминатите две и пол години. Оттука се поставува прашањето дали децата ја почуствуваа „грижата“ на Царовска? Пред да се даде одговорот на ова прашање не може, а да не се спомене скандалот во детската градинка „Цветови“ од Гевгелија кога негователките од детската градинка со навредливи зборови го „смируваа“ детскиот плач.
Една од „реформите“ по кои Царовска ќе остане запаметена е и по укинувањето на додатокот за трето дете.
Но, на Царовска не и беше доволна тоа што не водеше грижа за најмладите, па жесток удар им зададе и на пензионерите на кои им го укина со Закон загарантирано зголемување на пензионерите. Таа пред пензионерите „се пофали“ дека минималната пензија ќе се зголеми за „фрапантни“ 36 денари, а просечната пензија за 63 денари.