Есенска салата полна со витамини
Потребно е:
250 г цвекло
150 г рукола
100 г сирење
2 шаки јаткасти плодови (ореви, бадеми или лешници)
100 г листови млад спанаќ
2 лажици јаболков оцет
2 лажици маслиново масло
сол и бибер
Подготовка:
– Цвеклото измијте го убаво и сварете го. Оставете го да се излади, излупете го и исечете го на коцки.
– Убаво измијте ги листовите спанаќ. Јаткастите плодови исецкајте ги на помали парчиња. Исто и сирењето исечете го на коцки.
– Во еден сад ставете ги оцедот и маслиновото масло и изматете ги со вилушка.
Додадете сол и бибер, по вкус.
– Во чинија за сервирање ставете ги сите состојки и на крај прелијте ги со подготвениот прелив.