800 г аронија
1 кг мед
2 тегли

ПОСТАПКА:

Аронијата се чисти убаво од петелките. Се става во поголем послужавник.

Вака убаво распоредена аронијата во еден слој, се остава три дена малку да се потсуши. Треба да почне да се собира, односно збрчкува.

После три дена се става во теглите, две поголеми и една помала. Се полнат до половина.

Втората половина од теглите се пополнува со медот, добро се промешува и се затвораат теглите.

Аронијата е многу здрава. Приготвена на овој начин со мед, треба да се консумира секое утро по една лажица.

Бидејќи на топло, односно на собна температура може да се случи аронијата да ферментира, па затоа е најдобро теглите да се чуваат во фрижидер.