Доколку првиот чекор кој го правите наутро е посегнување по шолја кафе, можеби поради следниот факт ќе го промените мислењето.

Додека будењето со кафе зависи од количината, јаболкото на телото му дава енергија поради природниот шеќер фруктоза и не остава негативни последици на организмот, тврдат експертите.

Јаболкото е добро и поради фактот дека не му ја отежнува работата на желудникот, што кај кафето не е случај, а исто така и не му влијае на притисокот. Нормално дека кофеинот во кафето ќе има подобар ефект во самото будење, но не треба да се занемари благодетот на јабоките.

Јаболкото ќе го разбуди телото на природен и лесен начин, поради кој нема да се појави нервоза и недостаток на сон, како што може да биде случај после шолја кафе.

Освен тоа, јаболкото е богато со витамин А, Б и Ц, но и со пектин кој во организмот ги апсорбира водата и отровите. Кафето подобро ќе делува во будењето, но и со можни последици, додека јаболкото е здрав начин на будење на телото.