Дивиот чемшир, (Ruscus aculeatus L.) потекнува од семејството Liliaceae. Ова е вечно зелено растение со ползечки корен.
Расте 30-60 см висок, се разгранува, а крајните гранчиња се листовидни, елиптични ланцетни, бодликави.
Плодот е месест округол и црвен. Цвета март – април. Расте низ грмушките и разблажените листопадни шуми.
Распространето е на Балканот и до 1000 метри надморска височина. Корењата се долги 10-12 см, збрчкани, со бела срцевина. Содржи стероидни сапонини, ди-и триоксистероидни сапогенини, стероли, флавоноиди, етерично масло, антрахинонови деривати и др.
Има диуретично и антихемороидално дејство. Фармаколошките и клиничките експерименти на Leclerc (1976) покажуваат дека 10% водно-алкохолни екстракти и супозитории, приготвени од свежи корени на дивиот чемшир, значително ги подобруваат хроничните хемороиди, а во некои случаи доведуваат до нивно целосно излекување.
Експериментално е утврдено и антиинфламаторно дејство. Во народната медицина ова растение се користи главно како диуретично средство.