Најбрутална дискриминација и незаконски е отстранувањето на деца од училиште поради непримена вакцина. Вака коментираа родители и претставници од здружението „ Од нас за нас“, кои денеска дојдоа во Инспекцискиот совет, каде на седница се разгледуваа преставки од родители до инспектори од Државниот просветен инспекторат, кои постапиле по одлуката на министерствата за здравство и за образование, без потврда за примени задолжителни вакцини да не се примаат децата на училиште. Меѓу нив беше и Тања Перкова од Велес, чиј прваче со полиција беше отстрането од училиштето „ Блаже Конески“, на барање на директорот.
Недела дена паузиравме. После пробавме пак да одиме на училиште, меѓу тоа телефонски ни рече дека на секој можен начин ќе бара да не отстрани од училиштето.Следното што беше, има закана , наставничките мораат да го извлечат детето надвор пред училиштето, вели Тања Перкова, мајка на незапишано прваче.
Постојат многу членови во законот кои што ја забрануваат дискриминацијата. И посебно е нагласено дека е забранета дискриминација при упис,
вели Гордана Гоџо од здружението „Од Нас за нас“.
Од Инспекцискиот совет информираа дека кај нив стигнале 3 преставки од родители, но дека денеска не може да има одлуки по нив зашто се чека материјал од МОН за различното делување на инспекторите кон невакцинираните деца, кој Советот им го побарал на крајот на август и на крајот на септември, но до сега не го добиле.Побаравме од МОН да се произнесе во однос на овие две прашања, односно дали некој од инспекторите погрешил и кој погрешил, доколку едните постапувале согласно забраната за дискриминација, а другите согласно потврдите за примени вакцини. До сега сеуште немаме добиено одговор,
вели Магдалена Филиповска- Грашкоска, претседателка на Инспекциски совет.
Министерот за образование од медиумите се информира за овој проблем.За различно постапување, дополнително ќе побарам информации, што, како и каде,
вели Адеми.
Сезоната на епидемија на морбили е завршена и сега во порелаксирана состојба ќе се седне и ќе се донесе одлука за иднината на вкупно 189 првачиња на кои им беше забрането да посетуваат настава, дополни министерот за образование.