Системот може да се поправи само со коренити промени за даим се овозможи на лекарите да имаат подобри услови и плата и да нѐ лечат наши стручњаци и за нас да се грижат наши медицински сестри.

Здравствената заштита, како една од најчувствителните области на секое општество, постојано е под лупа на јавноста во сите свои сегменти – квалитет на услугата, знаењето, инфраструктурните услови, трошоците и (не)ефикасното управување.

Во последно време, во ова е замешана и слободната флуктоација на работната сила во границите на земјите членки на ЕУ, каде се наоѓаат земји кои можат многу да платат за знаењето на здравствените работници без да вложат ниту едно евро во нивното образование.

Една стара економска лекција вели – „работниците работат толку добро и квалитетно колку што се и платени“. Јас можам да се согласам со ова, а веројатно со ова можат да се согласат и сите кои живеат само од својата плата и водат борба за преживување од први до први, се прашуваат како да се прехрани семејството и како да си дозволиш и нешто повеќе од примарните потреби.

Е па така се живее и во здравството во кое работодавецот е државата.

Во Република Хрватска платата за медицинските сестри е од 680 до 1.000 евра, во зависност од стажот, позицијата и работното време. А на пример, во Германија, Австрија, Ирска или Швајцарија, таа плата е околу 3.200 евра.

Точно, ова е речиси три пати повеќе од Хрватска, но разликата станува уште поголема ако се земе предвид дека трошоците за живот во Хрватска се речиси еднакви со оние во споменатите земји или често пати се поскапи. Тогаш оваа плата вреди многу повеќе отколку дома.

А кога зборуваме за лекарите, разликите се уште поголеми. Во Хрватска платата на лекар почетник е околу 1.200 евра, специјалистот добива околу 1.500 евра, специјалист доктор околу 2.100 евра, а сето тоа зависи и од дежурствата, професурата по факултетите, академската титула…

Од Хрватска на работа во странство главно одат лекарите специјалисти, значи највредниот кадар, оние кои можат најмногу да повлечат и оние од кого се очекува да го пренесат знаењето на младите лекари кои допрва влегуваат во здравството.

А кога ќе одат во земји каде здравствените системи можат да платат за тоа знаење и вештини, тогаш нивните плати добиваат вредност од 8-9.000 евра до 15-20.000 евра, во зависност од сложеноста на работните места што ги извршуваат и дефицитот од потребната специјализација во таа земја.

Неспоредливо, нели?

Но, каде е нашата, домашна, конкурентна предност пред богатиот запад?

Пред сѐ треба значително да го подобриме системот на здравствената заштита, од водењето на болниците, клиниките и институтите, поликлиниките, одделенијата и на крајот министерството за здравство и фондот за здравство, кои мора да бидат исклучително ускладени.

Дали лекарите треба да бидат директори на болници? Дали тие го знаат ова или само одат по веќе натапканите патеки на нивните претходници, па и ден денес немаат идеја што е, на пример интерна стапка на рентабилноста, што е контролинг и што може да донесе?

Има простор за промени за унапредувања во сите сегменти на управување. Од управувањето со трошоците, управувањето со приходите, организациските подобрувања и како резултат на сите мерки заедно да се дојде до просторот за подобра и поквалитетна грижа за пациентите и на крајот за поголеми плати за здравствените работници. Дали пациентите и работниците ќе имаат трпеливост да ги пречекаат овие промени?

Се надевам дека ќе имаат, во спротивно веќе нема да имаме кој да се грижи за нас, ниту пак некој ќе остане во државата да ги плати даноците и придонесите од кои се издвојува и за здравството.

Колку е ова сериозно? Зборуваме за повеќе од 3.000 медицински сестри и речиси 1.200 лекари кои веќе го напуштиле здравствениот систем на Хрватска и сега функционираат во странство, во нивниот здравствен систем.

Но, постои уште една страна на заминувањето. А тоа се работата и обврските што произлегуваат од така големите плати.

Токму благодарејќи на тие услови, кога здравствениот работник ќе замине од, сепак, здравствено полабавиот систем во, до совршенство организираната целина во странство, тогаш се доаѓа до заклучокот дека и таму не е баш сѐ мед и млеко, туку за толкава плата мора и крваво да се работи.

Утехата е во тоа дека по таквата работа се чувствуваш ценет и преку твојата плата и бенефиции, но кој сѐ е подготвен на таков режим?

Мора да признае дека голем број на медицински сестри и лекари сепак ја промениле  својата одлука и се вратиле назад во татковината каде можат многу повеќе да се воодушевуваат на својата поголема слобода на сметка на помалата плата.

Значи, може да се поправи системот, може да се овозможи лекарите да имаат подобри услови за работа и плата и да нѐ лечат наши стручњаци и за нас да се грижат наши медицински сестри кога за тоа ќе имаме потреба. Но, во коренити промени мора да се тргне веднаш или системот сам себе ќе се изеде, И инфраструктурно и стручно тоа на време мора да се детектира и да се тргне во промено. Ама, веднаш.

 

Даниел Иванагиќ, советник на Владата и стручњак за финансии