Ќе ја надмине ли Македонија оваа зима Индија, и да се најде на врвот на неславната листа на земји со најзагаден воздух во светот.
Индискиот главен град Њу Делхи се гуши во смог а воздухот e загаден и до 20 пати над дозволеното. Властите ситуацијата ја земаа во свои раце – ја воведоа мерката по принципот пар-непар за возилата,затворени се голем број училишта,стопирана е работата на градилиштата, а околу 30 авионски летови денеска се пренасочени.Лошиот квалитет на воздухот стави милиони луѓе во опасност од респираторни заболувања.

Во Македонија ситуацијата со високата загаденост е речиси идентична но нема соодветна реакција од надлежните… дури и најранливите – хронично болните сеуште ги чекаат маските кои им беа ветени уште крајот на минатата година.Од друга страна, идниските власти им помогнаа на жителите препораките да им станат реалност, па им поделија повеќе од пет милиони маски.