Физички напад и навреди меѓу ученици од четврто одделение. Ова е само еден од низата настани во Основното училиште Владо Тасевски во општина Карпош, а како што велат упатените, поради негрижа за децата од малите групни домови. Од негрижата произлегуваат низа инциденти меѓу учениците.
Родителите говорејќи за децата кои одат во ова училиште не се охрабруваат да го направат тоа јавно.
-Ваквите случаи веќе не се ни пријавуваат за официјално да евидентира настанот. Голем дел од нас зборува, но не се охрабрува ниту да пријави кај директорката. Проблемот е што има едно одделение и останатите две се со целодневна настава. Во ова училиште во едно одделение има и три деца од згрижувачки семејства и од деца сместени во мали групни денови дом. Очигледно државата и надлежните воопшто не се грижат за овие деца, па тие тешко се вклопуваат во средината, вели родител кој инсистира да остане анонимен.
Според него проблем е што децата не може ни да се распоредат во сите оделенија. Причината за ова, велат од училиштето, е тоа што на школото не му се плаќа за да бидат децата распределени во одделенијата со целодневна настава.
-Точно е дека нивното прилагодување ќе оди полесно ако се распределени во различни одделенија, но нема услови тоа ни го велат надлежните, кажува родителот.
Сепак последниот инцидент не е ни пријавен.
-Немаме информација дека се случил таков инцидент меѓу ученици, велат од општината.
Родителите не знаат каде веќе да се обратат, барем оние кои се обидуваат да зборуваат колку толку.