Денес граѓаните од Кочани излегоа да протестираат поради енормно загадениот воздух кој станува секојдневие во градот поради депонијата која што е во близина на градот.
На протестот беа истакнати транспаренти со пораки до локалната и централната власт кои што заборавија на своите ветувања кои ги имаа дадено пред да дојдат на власт.
На транспарентите пишуваше: „Сакаме ист воздух“, „Здравјето нема цена“, „Не ја загадувај мојата иднина“, „Нема воздух, нема мир“.
Граѓаните велат дека градоначалникот на Кочани заборави дека лично тој е одговорен за заштитата на животната средина. Николчо Илијев е најодговорен и за работата на КЈП Водовод под чија ингеренција е депонијата во Кочани, која е најголемиот загадувач на животната средина во Кочани.
Граѓаните на Кочани му порачаа на градоначалникот дека е време власта да се освести и да ги испорача ветуваните проекти.