Утрово најзагаден град во Македонија е Тетово, каде има високо загадување со ПМ 2,5 честичките и средно загадување со ПМ 10 честичките.

Во Битола утрово во 9 часот загадувањето во центарот на Битола беше средно со ПМ 2,5 честичките, а ниско со ПМ 10.

Се уште нема податоци за загадувањето во индустрискиот дел на Битола, заради тоа што мерната станица Битола 1 е расипана.

Инаку вчера Тетово беше 15 пати позагадено од дозволеното.

Граѓаните на Тетово вчера дишеа загадено воздух од 800 милиграми на еден кубен метар ПМ 10 честички, додека максимално дозволените концентрации се 50.

Градоначалничката Теута Арифи речиси како и со години наназад и ова зимо ќе го преспие овој горлив проблем на граѓаните.