Власта ги изманипулира лекарите и медицинските работници. Ништо од ветените 100.000 денари плата.Три години не направија ништо за здравството. Платите требаше веќе да бидат 100.000 денари, а не се ни на пат да станат.Дополнително засметувањето на дежурства и други ставки на име плата како истата би изгледала поголема е манипулација и поигрување со лекарите, нивниот труд и мака, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјавата на министерот за здравство Венко Филипче.
Имено, од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека власта дополнително го изманипулирала и административните работници во здравството и како што наведуваат Заев и Филипче ја изгубиле довербата кај лекарите и пациентит и затоа следуваат промени на предвремените парламентарни избори закажаани за 12 април следната година.
Власта денеска ги изигра и административните работници во здравството, кое повторно останаа извисени.Зоран Заев и Венко Филипче ја изгубија довербата кај лекарите и пациентите. На 12 април следуваат промени, стои во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ