Доколку забележите макар еден од овие симптоми, не е на одмет да посетите кардиолог.
Болка во градите
Болката во градите може да укажува на тоа дека нешто не е во ред и дека би требало да направите контрола. Иако срцето не е единствената причина поради која се јавува оваа болка, добро е веднаш да посетите лекар и да ги отстраните сомнежите.
Болката што е поврзана со срцеви проблеми има и придружни симптоми, како што се чувство на притисок и тежина на градите, болка што се проширува на грбот, вилицата, рамената и рацете. Ваквата болка најчесто трае неколку минути и се повторува неколку пати во краток временски период. Снемувањето воздух, потењето, вртоглавицата и мачнината најчесто се појавуваат заедно.
Висок крвен притисок
Тој е главниот ризичен фактор за појава на срцеви нарушувања. Го нарекуваат и тивок убиец, бидејќи не постојат симптомите врз основа на кои би можеле да заклучите дека нешто не е во ред со вашиот крвен притисок, освен ако не го измерите. Од тие причини, пожелно е редовно да го контролирате неговото ниво.
Снемувате воздух
Ако често ви се случува ова, тоа може да укажува на аритмија или на коронална болест.
Чад од тутун
Кај пушачите постојат значително поголеми шанси да го нарушат здравјето на срцето, па им се советува редовно одење на лекар.
Високо ниво на холестерол
Зголеменото ниво укажува на тоа дека се насобрале маснотии на крвните артерии, а таквата состојба е многу ризична. Се доведува до нормала преку исхраната или во краен случај со лекови.
Хронично заболување на бубрезите
Доколку бубрезите не ви работат како што треба, настанува ризик и од срцеви заболувања.
Во семејството некој веќе боледувал од слични болести
Некои срцеви заболувања се наследни. Доколку некој од семејството веќе имал ваков проблем, лекарот може да го одреди степенот на ризик што се јавил кај вас.
Болест на периферните артерии
Периферната артериска болест претставува стеснување на периферните артерии, особено во нозете. Слична е на болеста на коронарните артерии и често се случува поединец да боледува од двете болести. Пушењето, високиот крвен притисок, холестеролот и дијабетесот го зголемуваат ризикот. Промената на периферните артерии предизвикува стеснување, односно на крај и затнување на артериите.
Намалена физичка активност
За телото и срцето добро да функционираат, треба да бидете физички активни. Вежбањето нуди голем број придобивки за целиот организам, па се препорачува каква било физичка активност, барем 2 пати неделно. Современиот начин на живот ја сведе оваа активност на минимум, а токму тоа создава огромен ризик од болести на срцето.
Вишок килограми
Најопасните килограми се оние насобрани во пределот на стомакот. Салото во тој дел укажува на тоа дека сите органи се загрозени, а најмногу срцето. Правилната и здрава исхрана е задолжителна за нормално функционирање и намалување на ризикот од појава на срцеви нарушувања.