Мора да се признае дека Дарио, директорот на државниот студентски центар има стил и живее баш онака како што му доликува на директор од редовите на СДСМ, пишува на социјалните мрежи претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески.

-Откако среди сѐ, откако ги реновираше домовите, ја подобри храната, се приклучи на централното греење и го исфрли мазутот, ги санира сите проблеми со кои се соочуваат студентите во домовите – му остана уште да го уреди ходникот со уметнички слики. Велам, браво, ентериерот не смее да трпи, нека трпат студентите. Сигурно и канцеларијата му е уредена по фенг – шуи.  Битно е на директорите на СДСМ да им е убаво, средено, уредено, да се возат со службените коли и трошат од службените картички. А младите? – Е тие нека почекаат. Безобразно, нели?

П. С. Не можам а да не го забележам креативниот избор на слика со наслов ,,Загадувач на воздух, масло на платно” која најверојатно го прикажува оџакот на мазут во ,,Кузман”, пишува Јаулески.