На жените им е потребен сон повеќе од мажите, открија американски научници. Студијата покажа дека на жените им треба повеќе сон за да функционираат нормално во текот на денот.
Оваа вест мажите би можеле да ја дочекаат како доказ за некаков вид на нивна супериорност, но веднаш во тоа ќе ги разувериме. Причината за ваквата состојба е што на женскиот мозок му треба повеќе време да се опорави – затоа што во текот на денот извршува посложени задачи од машкиот мозок.
Тим од универзитетот “Дјук” открива дека жените на кои хронично им недостасува квалитетен сон, честопати страдаат од депресија и вознемиреност. За разлика од нив, на мажите на кои им е скратен сонот не ги покажуваат овие симптоми.