Колку пати сте го одложиле одењето по мала нужда бидејќи сте биле уморни, нерасонети или едноставно сте биле мрзливи? Иако ова изгледа наивно, сепак последиците можат да бидат катастрофални!
Докторот бенџамин Баркер за списанието „Women ‘s Health” откри до какви се компликации кои можат да остават фатални последици може да дојде ако се стискате и не одите во тоалет навреме.
КОЛКУ ДОЛГО СМЕЕ ДА СЕ ЗАДРЖУВА МОКРАЧАТА?
Капацитетот да се задржи мокрачата е различен за различни организми. Се заснова на количеството урина кое некој може да го произведе, што секако е различно кај секој човек. Држењето на мокрачата во каналите може да доведе до дехидратација и преголема чувствителност на бешиката. Повеќето жени можат да ја задржат мокрачата најмногу 3-4 часа.
ШТО Е НАЈЛОШОТО ШТО МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ?
Не постојат специјални компликации, но но постои ризик од воспаление на системот за мокрење, и ќе дојдете до синдромот болна бешика. Тоа значи многу често ќе одите во тоалет и ќе чуствувате пецкање и болки. Ако многу често мокрите, обратете се на лекар.
МОЖЕ ЛИ ДА СЕ НАВИКНЕ ТЕЛОТО ПОМАЛКУ ДА МОКРИ?
Свесни сте дека е важно да не се доведете до дехидратација, но сепак навистина е напорно кога на секои пет минути телото ви вели дека треба да одите до ВЦ школката. Во ред е да пробате да ги одвратите мислите од тоа, и во ред е малку да истрпите, но се што е претерано не е убаво, советуваат лекарите.