Од што се би морале да се откажете, кога некој би ви понудил да ги фрлите сите свои извори на стрес во некоја магична корпа за отпадоци?
Клучот на борба против стрес не е да работите повеќе на ситуација која ви донесува непријатности, туку подготвеност да се работи помалку.
Поедини работи кои ги правите во животот, само ја отежнуваат работата, и кога прибегнувате кон такво однесување, вие всушност му долевате масло на огнот. Во стресни ситуации кога ве притискаат грижите, олеснете си така што кај себе ќе ги промените овие десет работи:
1. Откажете се од потребата да ги задоволувате другите.
2. Престанете да се правдате.
3. Немојте да се чуствувате дека на се мора моментално да реагирате, некои работи може и да почекаат.
4. Дозволете си себе си да бидете недостапни за другите, кога за тоа почуствувате потреба. Во ред е некогаш да ги одбиете повиците за дружење.
5. Престанете да верувате дека ви е потребна токму таа една работа која ја немате, за да бидете среќни и успешни. Не е вистина дека постои само една работа чија моќ е толкава да таа владее со вашиот успех и неуспех. Секогаш постои некоја друга прилика.
6. Контролирајте ја својата желба за фалење. Постојат луѓе кои ќе ве видат онакви какви навистина сте, а не морате да им се докажувате. Тие се единствените вистински.
7.Престанете да се обидувате да бидете прифатени од страна на сите. Никогаш нема сите да ве прифатат и тоа е во ред. Вашата работа е да го прифатите тој факт.
8. Запамтете дека вие не мора да го знаете секој детал. Животот понекогаш функционира на мистериозен начин.
9. Отфрлете ја идејата дека мора да бидете совршени. Грешките им се случуваат на сите. Во ред е некој да биде сведок на вашата лудост.
10. Не предизвикувајте си дополнителен стрес со тоа што ќе се сметате себе одговорни за сите луѓе во вашата околина. Верувате дека ќе им помогне милостлива универзална сила на љубов и правда која е иста за сите. Пружањето поддршка и помош за другите е прекрасно, но кога тоа почне да предизвикува стрес, време е да ја пуштите ситуацијата да тече по сопствен тек.
Отфрлете нешто од стресот и ќе добиете нов лет, свежа енергија, ќе бидете поотворени и експресивни. Со таа нова енергија може да им помогнете на поголем број луѓе.