Форумот на жени на СДСМ се приклучува кон одбележувањето на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените со што денеска, 25 ноември започнува глобалната кампања „16 дена активизам против родово-базираното насилство“.
Денеска, Форумот на жени на СДСМ испраќа порака дека нема оправдување за сексуално или какво било насилство врз жените.
Нашите заложби се за градење на фер, правдено и еднакво општество базирано на принципите на родова еднаквост во секој сегмент од живеењето.
Цврсто стоиме на заложбата за нулта толеранција за насилство врз жените и девојките.
Нема оправдување за сексуалното насилство. Нема замаглени линии кога се работи за давање согласност.