Минатата недела во ООУ Гоце Делчев Кавадарци се одржа отворен ден за граѓанското образование во училиштето во организација со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование.
Како што истакна директорката на училиштето Весна Ангеловска целта на ваквиот тип на настани е да се запознаат учениците со нивните права за понатамошното вклучување во општествениот живот.
Целта на граѓанското образование е јасна и пред се е насочена кон запознавање на учениците со човековите права за нивно понатамошно вклучување во општествениот живот. Организирањето и реализирањето на настани од ваков тип секако дека е многу важно и придонесува за зацврстувањето на темелите за демократско живеење во и надвор од училиштето. Тоа впрочем е и наша цел да бидеме училиште каде што правата ќе бидат производ на обврските и ќе понудиме еднакви можности на сите ученици, вели Ангеловска.