Подуеноста, опстипацијата и немирните црева се многу чести стомачни проблеми кои создаваат непријатност и можат да го нарушат квалитетот на животот.

Покрај советите од лекарите, можете овие проблеми да ги контролирате и на природен начин, со помош на цедени сокови од свежо овошје.

Овие се соковите кои ќе ве ослободат од непријатната подуеност и опстипацијата:

Сок од ананас

Содржи бромелаин кој ја намалува подуеноста и грчевите во стомакот. Ова овошје е полно со растителни влакна, кои исто така се докажано добри во решавање на проблемите со варењето.

Сок од круша

Крушите се уште едно овошје кое ги решава проблемите со запекот. Богати се со витамини, а содржат и голема количина сорбитол. Овој сок може да се дава во ограничени количини и на деца.

Сок од лимон

Сокот од лимон најважно е да се пие разреден со млака вода, најмалку еднаш дневно, а најдобро после оброк. На тој начин се превенираат стомачните тегоби.

Сок од портокал

Сокот од портокал ја омекнува столицата и прави полесно да „помине“ низ телото. Слични својства има и грејпфрутот, но тој не е препорачлив во големи количини.

Сок од сливи

Сливата, било да е свежа или сушена, е докажан борец против опстипацијата, подуеноста, отежнатото исфрлање на изметот и грчевите. Одличен извор е на витамин Ц и железо. Можете да ги консумирате свежи, суви, во компот или како џем подготвен со малку или без шеќер.