Податоците покажуваа дека 90 отсто од ученичките во селата во Македонија отсуствуваат од училиште четири до пет дена во текот на месецот кога имаат месечен циклус, а 75 отсто од ученичките во урбаните средини изостануваат два до три дена поради истите причини.
За решавање на овој проблем односно отсуството од училиштата, новинари за човекови права и Институтот за јавно здравје, со поддршка на Британската амбасада започнаа да ги подобруваат условите во тоалетите. Денес во ОУ Андреа Савески Ќиќиш во Тетово беше промовиран тоалет за менструална хигиена.
Целта е да се подигне свества за потребата од имање на одеелни тоалети за девојчиња и момчиња во училиштата , но и да се зголеми знаењето за менструалната хигиена.
Училишните тоалети ќе се адаптираат според одредени страндарди.