Лошите политики на Заев се коментираат и во Србија: Падот на наталитет во Македонија споредбено со другите земји е најголем

На една од српски емисии „Кирилица“, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ посочи дека пад на наталитет има во сите држави, дури и во нивната земја, но нивната бројка на…

На една од српски емисии „Кирилица“, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ посочи дека пад на наталитет има во сите држави, дури и во нивната земја, но нивната бројка на родени бебиња споредбено со другите и не е толку страшна.

Во Македонија падот на наталитетот е огромен и тоа не треба да се занемари. Бидејќи освен што се случува одлив, се повеќе старее населението во Македонија, а наталитетот опаѓа. „Прв пат имаме податоци за наглото намалување на наталитетот. Оваа година е нешто подобра, во првите 9 месеци имаме раст на родени бебиња од 6 на 12 повеќе. Албанија во првите 9 месеци има 1.864 деца помалку од минатата година, Хрватска има 797 помалку во првите девет месеци, Унгарија има 1.097 помалку иако Орбан овозможи на државата фантастични програми и мерки. Тие се на -1.85, а ние сме на +1.32 во однос на минатата година на родени деца.

Бугарија има пад од 431 и во значајно потешка ситуација отколку Србија. Романија има дури 9.329 деца помалку родени во однос на минатата година затоа што таму се случува огромен одлив на луѓе од државата. Северна Македонија е во минус 1.153 и тоа пропорционално најголем пад таму се случува. Босна и Херцеговина исто така се наоѓа во тешка ситуација“, истакна Вучиќ.

Вучиќ во емисијата додаде дека Македонија се наоѓа во доста тешка ситуација во однос на наталитетот, моментално се случува огромен пад на родени бебиња во државата и тоа се наоѓа во минус од 1.153 во однос на минатата година. Оваа бројка на пад на наталитетот не е ни за понижување, туку е запрепастувачка. Со изјавата на Вучиќ за наталитетот сепак се докажува дека политиките на оваа Влада се лоши и неефективни. Поради тоа наталитетот е во постојан пад и населението во нашата земја старее.


Related Articles