По засилените контроли на комбинирани тимови од инспектори за аерозагадување и припадници на МВР изречени се повеќе мерки и глоби за оние кои ја загадуваат животната средина.
Како што опаѓаат температурите, така Скопје се искачува на листата на најзагадени градови во светов, а според последното мерење се наоѓа на осмото место.
Градот Скопје последниве две години промовираше оџачари, оттаму најавија дека тоа ќе продолжи и во овој циклус, дека се работи на собирање на човечки ресурси, а во план е да се спроведе задолжително прочистување на оџаците на сите корисници на тврди горива годишно, а во план е и санкционирање на истите.
Индустријата има 18 процентен удел во аерозагадувањето, при надзор на инсталациите и објектите кои подлежат на Б-дозволи и елаборати, изречени се неколку мерки и глоби, додека пак прехранбената индустрија Благој Ѓорев доби казна од 50 илјади евра, поради пожарот кој значително влијаел на животната средина.
Најголем дел од пријавите за загадувачи на воздух се од страна на граѓаните, каде што се случува да стигаат и по 30 до 40 пријави неделно, од Град Скопје велат дека досега на сите пријави е реагирано.