Кумановскиот бизнисмен, Марјан Бојковски кој е сопственик на „Гео Фарм“ во интервју за Алфа раскажува за двегoдишниот пекол низ кој поминува барајќи правда и заштита од институциите.
Тој пријавил дека пред две години фукнционер во Агенцијата за лекови преку посредник му барал мито за да може да добие дозвола за интервентен увоз на лекови. Откако митото го пријавил во полиција од агенцијата му направиле вонреден инспекциски надзор, и како што тврди Бојковски незаконски му ја затвориле фирмата. Две години чека рекација на Управиот суд и обвинителството.
Катерина Гетева разговараше со Марјан Бојковски.