Целото општество на цел глас вели дека децата се најважни. Државните институции зборуваат дури и малку посгласно. Но кога за само една недела, две дадилки се откриени и снимени како тепаат и малтретираат мали деца, тогаш некако гласот им е ослабнат.
Обидот на државата со воведување на лиценци за дадилките од пред неколку години беше добар чекор, но очигледно му треба надополнување. Го прави ли тоа барем сега надлежното министерство?
Еве, сега се воочува дека треба и надополнување на условите за добивање на лиценци. Односно, не е во ред само да се бара било какво средно образование, лицето да не биде осудувано и слично. Потребни се сепак стручни проценки за тоа дали одредени лица се способни и можат односно имаат трпение за работење со деца. Зошто да не се проверува таа способност и на неколку години?
Пред да се започне со давање предлози, најважно е институциите да почнат повторно да се огласуваат, меѓутоа тоа да не биде во однос на љубовта кон децата, туку во однос на нивните можни решенија за да саканите деца имаат поубаво и поспокојно детство. Зарем ќе чекаат и трета дадилка да мавне некое детенце па да се раздвижат?
Секако, во меѓувреме, родителите нека отвораат „четири очи“ и нека се запрашаат кој ги чува нивните најмили.