Без оглед на тоа колку сте потковани со сексуално знаење, сигурни сме дека сепак верувате во некои од следните заблуди. Доколку се грижите за својот сексуален живот и здрав однос во врската, време е да го промените мислењето.

Некои заблуди за женската сексуалност толку длабоко навлегле во машките кругови што речиси секој припадник од посилниот пол верува во нив, иако не би требало.

За да не бидете и вие еден од нив, време е да се издвоите од масата незнајковци и да бидете свесни дека следните неколку работи немаат врска со реалноста.

Жените сакаат секс во тројка

Мажите мислат дека жените со задоволство фантазираат за други жени, а уште повеќе уживаат ако во тие замисли им се придружи маж. Факт е дека тоа на некои дами им е привлечно, но исто така постојат и оние кои се стресуваат од таа идеја.

Жените сакаат анален секс

Во порно филмовите никогаш не „вртат“ со овој предлог, ниту се грижат дали на жената ќе и’ биде пријатно или болно. Во реалноста, вакви и слични авантури во сексот подразбираат стабилна врска, доверба, голема количина на лубрикант и понекогаш по некој чашка за опуштање пред сексот. Затоа бидете нежни кон својата партнерка.

Жените немаат потреба за орален секс

Од некои причини мажите мислат дека на жените апсолутно уживање им е на момчето да му пружат орален секс, но дека истовремено не уживаат толку во тоа да го добиваат. Меѓутоа, момчиња, многу сте се излажале. Точно е дека на жените им е важно мазењето, секси разговорите, нежните бакнежи во вратот, грицкање на убото, но и тоа како им е важен и оралниот секс!

Жените сакаат кога мажот свршува на нивното лице

Можеби еднаш на вашиот роденден кога сакаат да ви направат услуга и да ја задоволат вашата фантазија, но никако секојпат.