Маслото од јојоба се користи со милениуми. Пример се Египќаните, во чии пирамиди се пронајдени примероци од масло од Јојоба со целосно зачувани квалитети.
Маслото од јојоба е корисно за сува, опуштена или воспалена кожа бидејќи има антиинфламаторно дејство.
Богато е со витамин Е кој претставува природен антиоксиданс и го спречува дејството на слободните радикали, а со тоа и предвременото стареење.
Содржи минерали кои се неопходни за здравјето и убавината на кожата со оглед на тоа што ја помагаат нејзината природна функција и обнова. Недостатокот на минерали може да предизвика црвенило, кожа без сјај или предвремена појава на брчки.
Маслото од јојоба содржи и два витамини од групата Б и тоа Б2 и Б3 кои се од огромна важност за здравјето на клетките. Овие два витамини го намалуваат воспалението на кожата во случај на егзема, псоријаза и чешање. Исто така ја подобруваат структурата на косата.
Заштитниот слој со маслото врз кожата помага да се регулира секрецијата на маснотии. Исто така маслото ја штити кожата од сончевите зраци и ја зачувува неговата природна влага.
Маслото од јојоба се користи и во козметиката како производ за чистење на кожата.
Маслото од јојоба го стимулира заздравувањето на раните и лузните.