Запира и намалува оксидативен стрес, ја прочистува крвта, поттикнува апетит, го чисти телото од отрови – тоа се само некои од предностите на супербилката.
Поточарка е често заборавена билка за која експертите веруваат дека е најздрава на светот. Станува збор за зеленчук кој содржи бројни есенцијални витамини и минерали како што е железото. Истражувањата тврдат дека оваа билка содржи повеќе железо од зпанаќот и повеќе витамин Ц од некои други намирници.
Поточарката е позната како една од најстарите билки која многу стари народи ја користеле во исхраната и во лекувањето на здравствените тегоби, а неодамна официјалното меѓународно истражување ја прогласи оваа лисната зелена билка за моментално најздравиот зеленчук на планетата, односно за намирница број 1.
Поточарката го стопира и намалува оксидативниот стрес и го засилува антиоксидативниот ефект.
Влијае врз размената на хемиските соединенија во нашиот метаболизам и ги регулира пореметувањата кои настануваат.