„Учениците на деветто одделение на основните училишта во Чаир заедно со нивните наставници по ликовно образование ги избришаа графитите со говор на омраза и ги заменија со прекрасни уметнички дела. На ваков начин најдобро го промовираме мирот и ја стимулираме креативноста на младите за поубави населби“, соопшти Општина Чаир.
Активноста се реализираше во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста кон насилен екстремизам на локалните заедници во Македонија” кој е поддржан од амбасадите на Велика Британија и Холандија.