Лутите пиперки кај некои предизвикуваат задоволство, а за некои се симбол за болка и тегоби. Најновите истражувања покажуваат дека го намалуваат ризикот од срцев удар за 40%.
Истражување од Италија ја потврди тезата дека лутото му годи на кардиоваскуларниот систем, па лутите пиперки го намалуваат ризикот од срцев удар за 40% ако ги консумирате 4 пати неделно. Капсаицин е состојка во лутите пиперки која делува како антиоксиданс и ги чисти крвните садови.
Освен за срцето, добри се и за слабеење, бидејќи го забрзуваат метаболизмот. Сепак, докторите советуваат да не се консумираат секојдневно бидејќи лутината може да предизвика воспаление на желудникот. Држете се до оние 4 пати во неделата.