Обичната настинка трае од седум до десет дена, но ако го зголемите внесот на цинк би се вратиле во форма многу порано.
Внесот на висока доза цинк во просек ја скратува настинката за три дена, која воглавно трае седум до десет деноци, покажува анализата во истражувањето посветено на заштитната улога на цинкот во имуниот систем.
Една од најпозитивните улоги на цинкот е допринесот за нормална функција на имунолошкиот ситем. Влијае врз создавањето и активацијата на Т-лимфоцитите, белоите крвни ќелии важни за борбата против инфекции, па недоволниот внес на овој минерал негативно влијае врз имунитетот.
Цинкот припаѓа во микроелементите кои ни се потребни во мали колични. Препорачаната дневна доза е 10 милиграми.
Испитаниците во студијата внесувале дури и по 75-80 милиграми дневно, во текот на една или две недели и тоа немало штетни последници по здравјето.
Приридни извори на цинк се морски плодови, црвено месо, мешунки и индиски оревчиња.